fbpx
ВестиТоп вести

Иднината на земјоделството лежи во производството на медицински канабис ?

 

Одгледувањето и производство на медицински канабис може да и донесе сериозен девизен прилив на државата кој ќе се брои во стотици милиони евра или според груби проценки петкратно повеќе девизен прилив може да прави земјава во споредба со се што се извезува од земјоделското производството . Но за ова да може да се случи потребни се законски измени. Донесениот закон има многу недостатоци и области кои треба да се до регулираат заради што во постапка е донесување на измена на законот, но и во тие измени не се предвидени клучните работи реагираат од здружението на производители на медицински канабис.

 

-Бараме како здружени до власта и до сите политички партии амандмански да се интервенира и во законот да се дозволи извоз на суви цветови од медицински канабис. Само во дозволата за извоз на сув цвет лежи спасот на целиот бизнис во кој досега секоја компанија има инвестирано најмалку по милион евра а има компании  кои имаат инвестиции и над десет милиони евра рече Костадин Дуковски претседател на здружението на производители на медицински канабис.

Досега земјава во процесот на отворање на можности за инвестиции во овој современ начин на производство направи доста позитивни чекови. Но инвеститорите сметаат дека оваа гранка може многу повеќе да се развива и да расте ако не се законските пречки. Фактот дека имаме 260 сончеви денови може да не крене во светски најквалитетните производители на медицински канабис. Наместо да се разговара за тоа како да се овозможи да се произведуваат и крајни производи како лекови, креми за нега на лице и кожа кои веќе во светот ги нарекуваат кремите на вечната младост и кои се скапо платени и многу барани, домашните засега 23 производители се соочуваат со трупање на залихи по магацините. Според сегашните регулативи за да се задржи лиценцата не смее да се запре со производството.  Само неколку производители имаат погон за екстракција на масло од канабис но и тие пак имаат проблем што сите увозници им бараат европски сертификат за добра земјоделска пракса. Од произведените цветови од првата класа се прави масло а втора и трета треба да одат за продажба но според сегашните домашни закони и немањето европски сертификат извозот е сведен на нула. Производителите веќе се на работ да одлучуваат ако не се промени законот или да ги затворат погоните и да ги отпуштат вработените или да продолжат да складираат цветови кои по неколку месеци не вредат ништо.

-Ние бараме да се дозволи извоз на суви цветови од медицински канабис како што истиот тој закон дозволува увоз во државата за фабриките кои тука го преработуваат во лекови. Од друга страна треба да се најде и начин како преку соработка со инспекциите од некоја европска земја да може и ние да подлежиме на нивните контроли и да оствариме можност да добиеме европски сертификат за добра земјоделска пракса како шанса за зголемен извоз и инвестиции во креми или други крајни производи. Сувите цветови се барани за извоз. Само како пример ќе ја посочам Полска каде ваквите цветови се дозволени за легална продажба по аптеките за медицински цели рече Славе Ивановски сопственик на Оаза Алкалоиди.

Според проценките на здружението производители досега имаат залихи од околу 10 до 12 тона сув цвет за кој сега се бара законска можност за извоз. Еден килограм сув цвет се продава од 3 до 5 илјади евра или досегашната вредност на залихите се околу 30 до 50 милиони евра.  Само една компанија во земјава може годишно да произведе околу 7 тона сув цвет и да прави извоз од 30 милиони евра, девизен прилив кој е далеку поголем ако се преработи во масло или уште поголем ако се оди и на производство на некој финален производ од медицинскиот канабис. Од законските регулативи зависи како натаму ќе се развива земјоделското производство на иднината.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close