fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Колку заработуваат странците во Германија?

Просечната месечна плата на Германците е 3.541 евро.

Една неодамнешна студија на Институтот за германска економија (IW) покажува дека многу жители на Германија, кои доаѓаат од други земји, заработуваат дури и повеќе од самите Германци.
Весникот „Велт ам Зонтаг“ објави податоци, врз основа на статистиката за вработување на Сојузната агенција за вработување, кои покажуваат дека, на пример, Индијците во Германија кои работат со полно работно време – месечно заработуваат во просек по 4.824 евра.
Со други зборови, тоа е речиси 1.300 евра повеќе од заработката на Германците.
Објавените податоци не кажуваат дека тоа е бруто износот во кој Германците ги прикажуваат просечните плати, пренесува магазинот Феникс. Во најсилната европска економија веќе девет години пристигнуваат многу академици од различни делови на светот, а повеќето од нив се математичари, информатичари, натуралисти и инженери кои работат во таканаречените MINT професии.
MINT е кратенка за математичари, информатичари, експерти од областа на природните науки и техничари. Во Германија генерално се платени многу над просекот, а треба да се има предвид дека просечната месечна плата на Германците е 3.541 евро.
Австријците во Германија заработуваат 4.582 евра, а Американците 4.468 евра.
Се наведува и дека просечна плата над границата од 4.000 евра имаат и постојано вработени работници од Британија, Кина, Швајцарија, Бразил, како и оние кои доаѓаат од земјите на Бенелукс.
И Французите во Германија често заработуваат повеќе од Германците или 3.952 евра. За разлика од нив, Сиријците имаат релативно ниска просечна месечна плата до 2.195 евра. По нив следат Романците со 2.157 евра и Бугарите со просечна плата од 2.072 евра, пренесува Телеграф бизнис.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close