fbpx
ВестиМакедонија

Коловозите наместа влажни, послаби врнежи снег на Попова Шапка

Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов, како што соопшти АМСМ, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов, како што соопшти АМСМ, не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај.

Сепак, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close