fbpx
Вести

Поволен период за пчеларството што ветува родна година

Оваа пролет за пчеларите од Тиквешијата почна многу добро, а силните пчелни семејства што ја преживеаја благата и топла зима беа најава дека 2016 година ќе биде една од рекордните години во производство на мед. Сепак, променливите временски услови и ниските температури го зедоа данокот во пчеларството. Ова особено се почувствува кон крајот на март и почетокот на април кога пчелните семејства целата храна што ја имаа како резерва ја потрошија, а не донесоа ништо.

povolen period za pchelarstvoto shto vetuva rodna godina

 

Карактеристично за овој период беше тоа што ноќните температури не беа повисоки од 13 и 14 степени, а таквата температура оневозможува лачење восок и изградба на ново саќе во пчелните сандаци, па може да се каже дека во овој период целосно изостана продукцијата на восок вели Горан Колев претседател на Здружението на пчелари „Златна матица” во Кавадарци.

Тој дополнува дека годинава изостана багремовата паша, која е најпродуктивна особено во реоните на Повардарјето, Росоман, Рибарци, Сопот и други места во Тиквешијата 6идејќи немаше услови багремот да продуцира нектар. Неповолните временски услови дождот и ветрот ги оневозможија пчелите работнички да соберат барем дел од она што природата може да им го даде во овој период од годината.

Од друга страна, долготрајното присуство на пчелите работнички во пчелните семејства предизвика појава на роев нагон што бара дополнителен ангажман од страна на пчеларите објаснува Колев.

Тој додава дека зрак надеж дека ќе имаме родна пчеларска година пчеларите од Тиквешијата почувствуваа пред десетина дена со затоплувањето на времето. Периодот е поволен бидејќи почнува цветањето на липите и трнот познат како драч и ливадските билки. Во пониските реони има појава на медлика кај багремот, сливата, бадемот, липата и други дрвенести видови што е добро за пчеларството вели Горан Колев од здружението „Златна матица”.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close