fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Компании од Пелагонија бараат соодветен средно стручен кадар

27 компании во прилепскиот дел на Пелагонија бараат соодветен средно стручен кадар од геолошко металургиска, градежно геодедска, електро машински и земјоделско ветеринарна струка.

27 компании во прилепскиот дел на Пелагонија бараат соодветен средно стручен кадар од геолошко металургиска, градежно геодедска, електро машински и земјоделско ветеринарна струка. Поради ова потребни се отворање на нови паралелки но и големи измени и дополнувања на наставната програма.

Беше констатирано на дебатата што ја организиранаат локалните самоуправи со министерството за образование со стопанствениците од регионов. При тоа се бара соодветно стипендирање на дуалното образование со цел да се привлече поголем број на ученици.

На дебатата под мотото учи паметно – работи стручно беше инициран еден многу интересен податок.Во стручните паралелеки од училиште Наум Наумоски Борче кое едуцира кадри за угостителството оваа година има запишано само 28 ученици.Но ниту еден за слаткар и келнер.

Стопанствениците пак се подготвени да прифатат што е можно поголем број на ученици да се вклучат во производниот процес при изведување на стручната обука а има и размислување за учениците да издвојуваат соодветен паричен надоместок.

https://kanal5.com.mk/kompanii-od-pelagonija-baraat-soodveten-sredno-struchen-kadar/a461756

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close