fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Компаниите не понудија доволно јаглен за РЕК, ќе се распише нов тендер

АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, соопштија од компанијата.

Дури три македонски, како и рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина се јавија на повикот на АД ЕСМ за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и „Осломеј“. Тоа вкупно се девет економски оператори кои дадоа пет понуди за Рударско-енергетскиот комбинат во Битола и осум за Осломеј. Но понудите за РЕК не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини, АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, соопштија од компанијата.

„Во прва фаза утврдено е дека за ‘Осломеј’ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите “, рече Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.

Меѓународниот тендер треба да обезбеди јаглен за потребите на третиот блок на РЕК и на Осломеј. Количините се потребни за да се засили домашното производство на струја со цел да се стабилизира цената на електричната енергија за стопанството.

Цените на електричната енергија на регионалните берзи се тројно зголемени и од 56 евра за мегават час пред неколку месеци, сега се движат меѓу 140 и 170 евра и нема најава за намалување. Стопанските субјекти се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар, а со оглед на енормниот пораст на цените на берзите, стопанството се соочува со опасност од голем ценовен удар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close