вестиМакедонијаТоп вести

Комплетно дезинфицирани Градскиот зелен пазар и објектите на ЈП „Пазари“

ЈП „Пазари“ -Битола ги презема сите мерки за заштита од корана вирусот. Денеска комплетно се дезинфицирани Градскиот зелен пазар, управната зграда на ЈП „Пазари“ и објектите со кои стопанисува. Тргнувајќи од фактот дека Зелениот пазар е фреквентен и граѓаните секојденевно го посетуваат од ЈП „Пазари“ информираат дека секоја една тезга, пристапните патишта и одделот за храна и облека се комплетно дезинфицирани. 

– Превентивна дезинфекција на сите објекти на претпријатието и Градскиот зелен пазар , а ќе се повторува и во иднина, по потреба.
– Редуцирани се на минимум директните средби со странки.
– Сите планирани поголеми настани и работни состаноци се одложени.
– Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици, се само дел од мерките на ЈП „Пазари“.

Од „Пазари“ апелираат до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава претпријатието, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.

Слични написи

Back to top button
Close