вести

Кому му користат субвенциите за производство на млеко

mleko

Многу работа за се помалку пари. Ова е дилема пред која се најдоа германските производители на млеко. Затоа се зголемува бројот на млекарите кои се откажуваат од таа дејност. Па сепак, сите не сакаат субвенции.

ЕУ во септември 2015 година вети дека на земјоделците поради ниските цени ќе помогне со 500 милиони евра. Од нив околу 70 милиони евра оваа година ќе добијат млекарите во Германија. Здружението на германските земјоделци од Сојузната влада сега побара поголема помош. Затоа во понеделникот на 30 мај, министерот за земјоделство Кристијан Шмит се сретна со претставниците на млечната индустрија. На тој состанок, пред се, се дискутирало за „праведна распределба на пазарниот ризик‟.

Глобалниот пазар за млеко

– ТОА Е БЕСМИСЛИЦА!, ВЕЛИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ МИКЕЛ ГРАШКЕ НА КОЈ ОТКУПУВАЧОТМ ХОЛАНДСКАТА ФИРМА „КАМПИНА”, СО ДОГОВОР СЕ ОБВРЗА ДЕКА ЌЕ МУ ГИ ОТКУПИ СИТЕ ЛИТРИ МЛЕКО КОИ ТОЈ ЌЕ ГИ ПРОИЗВЕДЕ. ЗНАЧИ, РИЗИКОТ ОД ПРЕГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО ГО СНОСИ МЛЕКАРАТА. АКО ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА МЛЕКО, КОЈ Е ВРЗАН СО ДОГОВОР, ОДЕДНАШ ПОЧНЕ ДА ПРОИЗВЕДУВА ПОВЕЌЕ МЛЕКО, ОТКУПНАТА ЦЕНА КОГА ТОГАШ ЌЕ ПАДНЕ БИДЕЈЌИ ПОБАРУВАЧКАТА НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ.

Бернхард Руб, портпарол на Земјоделската комора на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија (ЛВК), тврди дека одговорноста за ваквата состојба не ја сносат големите трговски концерни и млекарите. Тој смета дека тоа не е логично, бидејќи германските млекари главно припаѓаат на самите производители.

Руб вели дека поголемата цена на млекото само ќе ја зголеми количината на производството. – Во другите земји селаните само на тоа чекаат, вели тој.

Решението на ниво на цела Германија со цел за прекин на глобалното зголемување на производството на млеко е политичка илузија, верува Руб.

Германските земјоделци полагаа надежи во светскиот пазар и во тоа ги поддржуваше и германската Влада. Субвенциите за инвестициите ги наведоа селаните на изградба на големи штали. За да можат да ги вратат кредитите во милионски износи, работат во полна пареа, за потоа да сфатат дека млекото некаде на друго место може поефтино да се произведува.

Да се кренат раце или и натаму да се произведува

Портпаролот на ЛВК, Руб, верува дека ниту овој состанок нема да може да го спречи намалувањето на бројот на млекопроизводителите.

– МОЖНО Е СЕГАШНАТА ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКА ЦЕНА НА МЛЕКОТО ДА ГО ЗАБРЗА ТОЈ ПРОЦЕС, НО ТОЈ НЕЗАВИСНО ОД ТОА СЕ ОДВИВА ВЕЌЕ СО ГОДИНИ, ВЕЛИ РУБ.

Тој потсетува дека од 2000 година до денес бројот на производителите на млеко во Германија, речиси се преполовил на 73.300.

Руб вели дека не е точно оти исчезнуваат само помалите фирми. – Поранешните задруги во Источна Германија, кои во дел имаат и по 1.000 крави, релативно брзо се затвараат ако не се профитабилни поради тоа што припаѓаат на инвеститори, а не на семејства, вели тој.

Освен тоа, успехот на фармата повеќе зависи од тоа како се управува со неа, отколку од нејзината големина.

Околу кравите има многу работа

Микел Грашке со своите 60 крави веќе спаѓа во поголемите производители на млеко. Тој работи 60 до 70 часа неделно. Без годишен одмор. Кравите се молзат два пати дневно. Неговиот единствен работник работи на половина работно време. Понекогаш му помагаат и неговите полнолетни деца. Иако работи за двајца, примањата му се под просекот.

Но, наспроти тоа, за Грашке затворање на фирмата не доаѓа предвид. Би ја намалил, но не ни ја затворил. Неколку крави кои давале помалку млеко ќе ги однесе во кланица. Ги вкрстувал расите за да добие крави со повеќе месо, кои даваат помалку млеко. Но, за него производството на месо не е опција.

Неговиот имот со големина од 58 хектари е многу мал и брдлест. Помал дел од пченицата која ја произведувал пред се за хранење на кравите, сега пропаѓа. Одгледува и тикви. Но, сето тоа не е доволно како извор на заработка.

За да имаат и други извори на приходи, LВК многу земјоделци ги советува да изградат постројка за производство на био гас или соларна енергија. Меѓутоа, Грашке е скептичен. – Божем тоа е лесно да се направи, вели тој.

Грашке се жали дека земјоделците никој не ги прашува за нивната лична состојба и дека таквите инвестиции за семејно добро можат да бидат голем товар.

Излети како дополнителен приход

Семејството Грашке сепак најаде свој пат. Неговата сопруга Клаудија на фармата организира детски излети и роденденски прослави. Но, Микел Грашке истакнува дека тоа не е негов дополнителен извор на приход.

– ЗА ТОА Е ЗАСЛУЖНА МОЈАТА СОПРУГА. ЈАС СУМ МЛЕКАР, ВЕЛИ ТОЈ И ДОДАВА ДЕКА СЕКОЈ ЗАРАБОТУВА СВОИ ПАРИ, КАКО И ВО МНОГУ ДРУГИ БРАКОВИ.

Не се знае дали фармата еден ден ќе ја преземе едно од неговите три деца. – Во тој случај, мора да изградат нова штала. Но дали тоа ќе им се исплати? За сега и не знаат дали го сакаат тоа, додава тој.

Грашке вели дека е роден на фарма и дека релативно млад се одлучил за тешка земјоделска дејност, која треба да се сака и работи како што треба или од таа дејност да се кренат раце.

И токму поради тоа тој е против субвенциите бидејќи смета дека со нив на живот се одржуваат само непрофитабилните фирми кои не се водат од љубов кон таа дејност. На луѓе како него, кои кај ниските цени се задоволни и со мали маржи, само го отежнува работењето.

Поради тоа, според него, состанокот само ќе ги зголеми проблемите на производителите на млеко.

 


 

вечер.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close