Агро бизнисВестиТоп вести

Концесијата на Мала Река кај Градче е дадена без да ги прашаат граѓаните

По протестот на локалното население во пробиштипското село Турско Рудари, реакција на изградба на мали хидроцентрали во подножјето на Осоговските планини пристигна и од соседната општина Кочани, каде исто така се најавува изградба на мала хидроцентрала под Пониква, на Мала река, блиску до акумулацијата Градче, на истиот концесионер ДИС енергија доо од Скопје.

По протестот на локалното население во пробиштипското село Турско Рудари, реакција на изградба на мали хидроцентрали во подножјето на Осоговските планини пристигна и од соседната општина Кочани, каде исто така се најавува изградба на мала хидроцентрала под Пониква, на Мала река, блиску до акумулацијата Градче, на истиот концесионер ДИС енергија доо од Скопје.

„Апсолутно не ја поддржуваме изградбата на хидроцентрала на Мала река бидејќи со тоа ќе се наруши целосно биодиверзитетот, ќе исчезнат ендемските видови на риби и животни и ќе настане пустина за целокупниот жив свет во подрачјето каде ќе се гради, а ќе се наруши и дотокот на водата во акумулацијата Градче која е обележје на нашиот град“, се вели во реакцијата на граѓанското здружение Грин.орг од Кочани откако беше објавена репортажата на Слободен Печат за сличен проблем во Турско Рудари.

Кој тоа се дрзнал без да ги запраша граѓаните да даде позитивно мислење за градба на ова место, само со протнат оглас дека ќе се гради, прашуваат од граѓанската иницијатива Грин.орг., кои тврдат дека одлуката за давање под концесија на водите на Мала Река за производство на струја било со нетранспарентно и криминално протнат оглас, колку да се каже провизорно дека се почитуваат законски одредби. Од граѓанската иницијатива велат дека, иако барале, од локалната самоуправа не добиле на увид записник од јавна расправа, бидејќи таков не постои иако постои законска обврска да се консултира јавноста за ваков инфраструктурен проект.

Со оглед на тоа што поголемиот дел од годината оваа рекичка едвај има вода да го одржи живиот свет во неа, се прашуваме кој ќе ја заштити од зафаќањето на целата вода и како ќе се одржува биолошкиот минимум, кога сме сведоци дека околу секоја досега изградена хидроцентрала настана пустош. Поради тоа поттикнавме и граѓанска иницијатива со центар за еколошка демократија Флорозон,а повикавме на помош и хидроинженер, се вели во дописот од Грин.орг.

За оваа иницијатива сме поддржани од 33 други здруженија ширум државата. Иако Осоговските планини се веќе заштитено подрачје, концесионерот со дозвола на министерството направил сеча на дрва и опустошиле голем дел во делот каде што треба да се гради оваа хидроцентрала, а почнале со подготовки без дозвола за градба од општината. Сметаме дека изградбата на малите хидроцентрали има елементи на беззаконие и криминал и ќе се бориме со сите сили здружено против изградбата на хидроцентралата на Мала река, стои на крајот на реакцијата на Грин.орг.

За „Слободен печат“ од концесионерот, ДИС Енергија потврдија дека се при крај со постапката за прибирање на потребните дозволи и дека наскоро ќе почнат со изградба на хидроцентралата на Мала река, кочанско. За неиздадената градежна дозвола од страна на општината, претставникот на концесионерот, Влатко Тоневски соопшти дека очекуваат наскоро да им биде издадена.https://www.slobodenpecat.mk/konczesijata-na-mala-reka-kaj-gradche-e-dadena-bez-da-gi-prashaat-graganite/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close