fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Kорисни информации, мерки и препораки за заштита од ширење на Ковид -19

Сите корисни информации, мерки и препораки за заштита од ширење на
Ковид -19, достапни се на линкот подолу.
Нашето здравје – врвен приоритет.

Почитувајте ги препораките.

Што е КОВИД-19?

КОВИД-19 е нов вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).

Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем мризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кои заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесуваат вирусот на други лица.

Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик треба да се задржат во само-изолација од 14 дена во нивниот дом и да пријават на надлежните доколку почувствуваат симптоми.

Кои се симптомите на заболувањето со КОВИД-19?

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

  1. Треска и висока температура;
  2. Тешка кашлица;
  3. Отежнато дишење.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • органите за дишење;
  • кардиоваскуларниот систем;
  • на бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско.

Во овој момент не е достапна антивирусна терапија, ниту пак вакцина за превенција од заболување со КОВИД-19.

Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?

  • Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.
  • Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
  • Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.
  • При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
  • Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

Што доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19?

Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, сите патници, кои пристигнуваат од ризичните региони, како и тие кои се во самоизолација, веднаш штом почувствуваат какви било симптоми, карактеристични за КОВИД-19 треба да се јават на телефоните за контакт при епидемиолошките служби, кои се достапни за територијата на целата држава. Мерките се воведени од самиот почеток и се препорачува секој граѓанин да ги следи овие препораки, кои укажуваат да не се оди на матичен лекар за да се избегнат ситуации во кои тие се ставаат во директен контакт и ризик со можно заболени пациенти.

БРОЕВИ ЗА КОНТАКТ ПРИ ПОЧУВСТВУВАНИ СИМПТОМИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ:

ИЈЗ Скопје-078/387-194
ЗД Скопје – Ало докторе-02/15-123
ЦЈЗ Скопје-071/289-614
ЦЈЗ Битола- 071/261-330
ЦЈЗ Тетово-075/240-464
ЦЈЗ Штип-078/365-613
ЦЈЗ Велес-071/219-278
ЦЈЗ Кочани-071/373-913
ЦЈЗ Куманово-070/215-851
ЦЈЗ Охрид-070/723-029
ЦЈЗ Прилеп-076/475-747
ЦЈЗ Струмица-072/235-543
ПЕ Гостивар-076/365-161
ПЕ Гевгелија-078/545-444

Што доколку патувате во и од земјите со висок и среден степен на ризик?

Доколку треба да патувате во некоја од земјите кои се на листата на земји заведена со висок или среден степен на ризик, се препорачува да го одложите вашето патување, освен доколку станува збор за патување поврзано со медицински цели.

Доколку патувате од некоја од овие земји, задолжително мора да пријавите на граничната полиција дека патувате од таква земја и да започнете со период на домашна само-изолација во период од 14 дена.

Доколку во моментов се наоѓате во некоја од наведените земји препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

За подетални информации околу развојот на состојбите во Италија, македонските граѓани можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk.

Повеќе информации може да добиете на следниот ЛИНК

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close