fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Короната ја остави зимската зелка по нивите

Производителите на градинарски култури  се жалат дека заради корона кризата производството ќе им остане по нивите. Дел од зимската зелка ќе остане несобрана, а ако се издолжи кризата тоа ќе ги снајде и останатите раноградинарски култури.

 

Корона кризата сè повеќе ја чувствуваат  производителите на градинарски култури. Покрај ниската цена ги мачи и откупот кој се одвива отежнато, а интернет продажбата им е нешто ново за кое не се подготвени да ја користат.

Татјана Камова  од с. Миравци гевгелиско се жали дека зимската зелка  ќе им остане не дособрана. Дел од произведеното успеале да го продадат, но со кризата се плашат дека ќе им остане по нивите.

-Зимската зелка ја имаме насадено на 8 декари. Родот е многу добар со одличен квалитет,но цената цело време варира. Со кризата откако се затворија границите мака мачиме. Ако потрај ладното време може ќе успееме уште нешто да собереме, но ако се затопли , за брзо ќе расцвета и тогаш не е за продажба. Варирањето на цените пак е друг проблем. На почетокот беше 6ден/кг, па 8 ден и стигна до 10ден/кг, за повторно да падне на 6 ден. Се молиме со трговците, вели за Зелена берза Татјана Камова.

Слична била состојбата и во  Јосифово, Прдејци, Негорци и други села во Валандовско Гевгелискиот регион.

Татјана е загрижена и за  младиот кромид чија берба ќе стигне за две недели. Дали и како ќе се одвива откупот не знае, а произведеното треба да се собере,  ако не се продаде ќе бележат загуби.

Министерот за земјоделство ги охрабрува земјоделците да ја користат интернет апликацијата за „Понуда – Побарувачка“

„Во услови на ограничен пристап до пазарите и рестрикции во движењето, се повеќе земјоделци почнуваат онлајн продажба на своите производи. Успехот на онлајн продажбата е докажан механизам за трговија, кој се користи и кај нас“, објави на својот ФБ профил Димковски.

Апликацијата им овозможува на земјоделците брз и лесен пристап  до податоците за расположливи количини и цени на земјоделските производи и може да тргуваат со своите производи, уверуваат од министерството.

-Сето тоа е добро ама ние не знаеме како? Треба некој да ни покаже и да не обучи за како да ја користиме апликацијата, вели Татјана. Досега никој практично не пробал па да слушнеме некое искуство за ваквиот вид на продажба, додава таа.

Во целата ситуација и сите проблеми со кои се соочуваат производителите, Татјана забележува дека се зголемува побарувачката на домашни производи. Вели дека сè повеќе и бараат домашно млеко, сирење и сл.но не може да одговори на сите барања бидејќи во нејзиното домаќинство има само една крава и ја чува за сопствени потреби.

-Луѓето бараат домашни производи. Децата им се дома и често бараат млеко и сирење. Колку што можам им давам, но тоа не е доволно. Целата ситуација е тешка, но што и да е , нека помине да можеме да продолжиме понатаму, рече Татјана.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close