Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Ковачевски бара инвеститори во Абу Даби
Денес, на првата од повеќе средби во ОАЕ, со Мохамед Саиф Ал Суваиди, директор на „Фондот за развој на Абу Даби“ разговаравме за можностите за инвестирање во инфраструктурата, обновливите извори, но и агро-бизнисот во Северна Македонија, напиша Ковачевски на фејсбук.
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се во работна посета на Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
-Максимално сме посветени на нови инвестиции за развој на домашната економија и подобрување на животниот стандард.Денес, на првата од повеќе средби во ОАЕ, со Мохамед Саиф Ал Суваиди, директор на „Фондот за развој на Абу Даби“ разговаравме за можностите за инвестирање во инфраструктурата, обновливите извори, но и агро-бизнисот во Северна Македонија, напиша Ковачевски на фејсбук.