fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: Договорот помеѓу лозарите и винарите овозможи да има успешен почеток на бербата

Премиерот им посака на сите да имаат род на високо ниво. А на винариите им посака многу успех во пласманот на виното надвор од државата.

Договорот помеѓу лозарите и винарите овозможи да имаме успешен почеток на бербата, рече  премиерот Димитар Ковачевски во Кавадарци.
-Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со којшто имаме триесет проценти зголемени откупни цени на грозјето. Тоа беше потврдено и на состанок што го имавме со претставници на лозарите и винарниците. Оваа година, покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот е зголемена на 13 и на 15 проценти, дополнително државата, во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денара за секој килограм предадено грозје. И дополнително, за секој килограм извезено грозје, уште два денара. Односно, од два до четири денари во просек, три денари зависно од амбалажата во којашто се извезува. Исто така поддршка на винариите, што пак значи и индиректна поддршка на лозарите. Тој договор со двете страни, практично овозможи да имаме успешен почеток на бербата, рече Ковачевски во изјава за медиумите.
Премиерот им посака на сите да имаат род на високо ниво. А на винариите им посака многу успех во пласманот на виното надвор од државата.
-Она што радува, е, што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот. Исто така сме еден од најголемите извозници на вино во светски рамки, покрај во европски рамки. Квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за две третини е зголемен извозот на флаширано вино во однос на наливно вино, што не беше случај во минатото. Тоа потврдува дека политиките што ги спроведува Владата во изминатите пет години, се на бенефит и на винариите и на лозарите. И секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата, надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година. Тоа е за 19 проценти повеќе од 2020 година, нагласи премиерот Ковачевски.
Тој изрази верување, големиот квалитет којшто го имаат нашите вина, а што беше потврден и на неодамнешниот  најголем европски саем во Белград, дека ќе претставува уште поголем поттик, како за лозарите, винарите, така и за државата.
-Да оваа стратешка гранка ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделство, дециден беше премиерот.
Тој потсети дека за сите евентуални проблеми што би можеле да произлезат за време на гроздоберот, следи нотирање од ресорното министерство. Ковачевски повтори дека инспекторатот е на располагање на сите лозаропроизводители, доколку е потребна интервенција. Од Кавадарци, тој им посака успех на сите лозари и винари.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close