fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски-Нови мерки за пониски цени на храната, никој нема да биде оставен сам во кризата

Со последните мерки, се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10%.

”Ја субвениционираме струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата. Ако не е таа субвенција од Владата, сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки. Последната мерка на Владата ја објавивме вчера, државата ќе ја субвенционира цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија за да се намалат цените на основните прехрамбени производи. Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото, брашното, млекото, ќе се стабилизираат . Со последните мерки, се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10%. Тоа нашите граѓани го заслужуваат и тоа е одговорно во време на криза. Знам дека се зголемени цените поради глобалната криза, знам дека има инфлација насекаде и кај нас ама не бегам од предизвикот туку се справувам со нив.” – посочи премиерот Димитар Ковачевски, на партиска трибина во Делчево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close