fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски со молба до пратениците-Тутунарите побрзо да ги добијат субвенциите!

Собранието треба да се направи една измена на Законот за земјоделство и рурален развој, којашто измена е заглавена во втор читање – измената се прави секоја година, со цел да се избрише обврската да поднесуваат земјоделците потврда за платен ДДВ во УЈП.

Премиерот Ковачевски упати апел до пратениците во Парламентот да придонесат, тутунарите побрзо да ги добијат субвенциите.

„Во однос на тутунот, обработката на тутунот е во завршна фаза, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се финализираат калкулациите, износот е некаде над една милијарда денари и сѐ е подготвено за исплатата, освен што во Собранието треба да се направи една измена на Законот за земјоделство и рурален развој, којашто измена е заглавена во втор читање – измената се прави секоја година, со цел да се избрише обврската да поднесуваат земјоделците потврда за платен ДДВ во УЈП. Ги замолувам пратениците што побрзо да ја завршат оваа законска измена за да започне исплатата на субвенциите за тутунарите“, повика премиерот Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close