Ковачевски: Со нова инвестиција од 200 милиони евра стануваме крстосница на Балканот
Трите договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 на релацијата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, денеска ги потпиша директорот на ЈП „Железници на Република Северна Македонија”, Хари Локвенец со компаниите „Штрабак” и „Ѓулермак”.
Со инвестиција од 200 милиони евра ќе продолжи изградбата на пругата на Коридорот 8 и ќе се реконструира дел од пругата на Коридорот 10. Трите договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 на релацијата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и за реконструкција на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10, денеска ги потпиша директорот на ЈП „Железници на Република Северна Македонија”, Хари Локвенец со компаниите „Штрабак” и „Ѓулермак”.
Станува збор за инвестиција од 200 милиони евра во која се планирани ревитализација на Коридорот 8 на делницата Куманово – Бељаковце, делницата Бељаковце – Крива Паланка, како и ремонт на делницата Ногаевци – Неготино на Коридорот 10.
Градежните зафати кои ја опфаќаат ревитализацијата покрај подобрување на техничките карактеристики на пругата, ќе обезбедат целосно модернизирање по европски стандарди преку изградба на нови мостови, поставување безбедносни бариери и заштита од врева и вибрации, поставување на нови сигнално сигурносни уреди, изградба на нови железнички станици, итн.
Реализација на планираните инвестициски вложувања во железничката инфраструктура во Коридорите 8 и 10, е исклучително важен проект од кој придобивки ќе имаат и Република Северна Македонија но и регионот.
Ова е последниот од неколкуте големи инфраструктурни проекти со кои се заокружува идејата за Северна Македонија како раскрсница на Балканот, а кој ќе овозможи регионално поврзување и интеграција на Република Северна Македонија во европските железнички коридори.
Инвестицијата воедно ќе обезбеди отворање на нови европски рути за железнички превоз и ќе нѐ поврзе со пристаништата во Албанија и Бугарија. Регионалното поврзување од овој тип е исклучително важен момент за нашата економија, рече премиерот Димитар Ковачевски.