fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ковачевски: Субвенциите за тутунот на историски највисоко ниво, сумата од 26 милиони евра ќе важи и наредната година

Според Ковачевски, сега субвенции добиваат вистинските земјоделци и тоа 30 проценти авансно, каде што исплатата веќе се одвива во текот на последната недела од годинава, а потоа ќе им биде исплатен остатотокот од 100 проценти.

Субвенциите по килограм предаден тутун годинава се на историски највиско ниво од 110 до 120 денари, а Тутунски комбинат Прилеп ќе ја зголеми за 10 проценти отупната цена на тутунот.

Определената сума за таа намена изнесува 26 милиони евра и ќе важи и наредната година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прашање од пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ристески, повеќе од 130 000 тутунари се незадоволни од откупната цена на тутунот која изнесува 300 денари, а изрази незадоволство и од аграрната политика на Владата, која, како што рече, довела до рекордно намалување на производството на тутун во земјава, од досега најниски 13 милиони килограми тутун.

– За среќа на тутунарите оваа година субвенциите ќе бидат највисоки, и сумата што беше определена од 26 милиони евра во текот на оваа година, ќе важи и за идната година без разлика на тоа што приносите се намалени, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, сега субвенции добиваат вистинските земјоделци и тоа 30 проценти авансно, каде што исплатата веќе се одвива во текот на последната недела од годинава, а потоа ќе им биде исплатен остатотокот од 100 проценти.

МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close