fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски – Тутунот носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра

Околу 20.000 семејства егзистираат од тутунопроизводство

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана земјоделска гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство.

За прв пат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција.

Паралелно со новиот модел за субвенции, се донесе и нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со кој што се решија сите отворени прашања кои го оптоваруваа производството и откупот на тутун, рече вчера премиерот во Прилеп.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за следната година има најголем буџет, вели министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

– Навреме ќе бидат исплатени сите средства кон тутунопроизводителите и обезбедени се средства за новиот начин на субвенционирање, рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close