ВестиЛов и риболовМакедонија

„Акумулација Стрежево”-Дозволи за рекреативен риболов ќе се издаваат од 15 февруари

Известување за новата сезона за рекреативен риболов

На 1 март 2021 година, официјално започнува новата сезона за рекреативен риболов на рекреативната зона „Акумулација Стрежево” Битола. Дозволи за рекреативен риболов ќе се издаваат од 15 февруари, информираат од ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со акумулацијата.

Од ЈП „Стрежево“ информираат дека рекреативниот риболов во акумулацијата и оваа година ќе се одвива плански, а тоа значи заштита на одредени видови риби за чие ловење има трајна забрана или, пак, ограничен број на примероци уловени риби во риболовен ден.

-Трајна забрана за риболовење има за рибите лињак и златен карас, до 31. март не смее да се лови штука, а риболовците на време ги известуваме за времената забрана за ловење на костреш, клен, крап и сом што ја посочуваме во текот на годината. Секој риболовец во еден ден може да улови најмногу 3 пастрмки, 20 риби црвеноперка, 15 риби од видот костреш, 1 сом или една јагула. Правилникот и други насоки за рекреативен риболов, вклучувајќи и меѓусебна заштита на риболовците од Ковид-19 мора строго да се почитуваат, соопштуваат  од ЈП „Стрежево“-Битола.

Во пресрет на риболовната сезона утврдена е висината на надоместоците за рекреативен риболов.

Висината на надоместокот за издадена дозвола е утврдена на следниот износ:

годишна дозвола – 1.000,00 денари,

петнаесетдневна  дозвола – 500,00 денари,

седумдневна дозвола -300,00 денари,

еднодневна- дозвола 150,00 денари.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close