Ковачевски: Владините мерки даваат резултати за стабилизација на цените на храната и јакнење на стратешките земјоделски култури
Со мерката поевтина струја од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, ги стабилизираме цените на пазарот, истакна попладнево премиерот Димитар Ковачевски, при посетата на млекарата „Млечен пат” во Кавадарци.
Со мерката поевтина струја од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, ги стабилизираме цените на пазарот, истакна попладнево премиерот Димитар Ковачевски, при посетата на млекарата „Млечен пат” во Кавадарци.
„Задоволство е да се видат домашни семејни компании како „Млечен пат“ која е првата млекара во Тиквешијата, како се развиваат, ги унапредуваат процесите и зголемуваат производство, вработуваат и придонесуваат во економскиот развој на локално ниво.
Компанијата е опфатена со одлуката за поевтина струја од 80 евра по мегават час за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. На овој начин тие ќе имаат предвидвидливост во производството и непречна работа во ек на една ваква криза, а граѓаните ќе го имаат крајниот бенефит, намалени цени на храна.“, рече Ковачевски.
Таков е и последниот пакет мерки, вели тој, за заштита на домаќинствата и стопанството од поскапување, што е донесен минатата недела.– Со новиот пакет мерки го зачувуваме стандардот на граѓаните и ги штитиме компаниите. Со мерката – поевтина струја од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, ги стабилизираме цените на пазарот. Производителите на основните производи веќе јавно соопштија дека со помошта од државата, тие цените би ги намалиле за најмалку 10 отсто. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија, додаде меѓу другото премиерот.
Со овие мерки, како што појасни Ковачевски, компаниите ќе имаат предвидлива есен и зима, бидејќи ќе знаат колкави ќе бидат нивните трошоци и како ќе може да функционираат.– Јас силно верувам дека сите мерки кои ги носиме инклузивно во консултација и со стопанството и со сите засегнати страни, се корисни за компаниите во овие услови на најголема светска енергетска криза, рече Ковачевски и изрази уверување дека Владата е тука да ги поддржува компаниите и да создава предвидлив амбиент за нивно успешно планирање и работа.
Марина Манева, сопственик и технолог во компанијата „Млечен пат”, истакна декa владината мерка со која се обезбедува поевтина струја за компаниите како нивната, практично значи директна помош од Владата за стабилизирање на цената на млечните производи.