Ковачевски: Во новиот мандат СДСМ ја зголемува поддршката за земјоделците на 750 милиони евра
16, 2 милиони евра за авансна исплата и плус исплата од тековните основни субвенции 22,3 милиони евра, рече Ковачевски.
Во новата програма СДСМ ја зголемува поддршката за земјоделците. Ако од 2020 до 2024 исплативме 560 милиони евра во директни плаќања, за периодот 2024-2028 година, вкупниот буџет ќе го зголемиме на 750 милиони евра за земјоделците, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вчера во Струмица.
-Со ова очекуваме извозот од земјоделскиот сектор од сегашните 700 милиони евра да се зголеми на една милијарда и 250 милиони евра до 2028 година. А со членство во ЕУ, пазарот од над 500 милиони жители ќе им го ставиме на дофат на сите земјоделци. Така, ќе имаат повеќе за себе, ќе има зголемено производство на земјоделски производи и храна, развиена економија и помалку увоз. Затоа е нашата борба за европска Македонија, рече Ковачевски.
Со политиките на СДСМ, станавме лидер во искористеност на ИПАРД 2 програмата, и затоа за ИПАРД 3 имаме повеќе пари за нашето земјоделство-100 милиони евра за европско земјоделство, потенцираше Ковачевски.
Владата предводена од СДСМ, за прв воведе авансна исплата на субвенции, 30% од основната субвенција, за земјоделците да имаат пари
тогаш кога им се најпотребни за почеток на новите реколти, додаде тој зборувајќи за политиките на СДСМ во земјоделието.
И овие субвенции се веќе исплатени на сметките на земјоделците, тоа се 16, 2 милиони евра за авансна исплата и плус исплата од тековните основни субвенции 22,3 милиони евра, рече Ковачевски.
-Денеска пуштивме во употреба нов капитален објект, брана Конско, вредна над 40 милиони евра. Јас сум горд, што токму оваа огромна инвестиција, започна и завршува во периодот на Владата на СДСМ и ние така ќе продолжиме и во новиот мандат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски