fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: За време на Рамазан испраќаме пораки за заедништво

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски вечерва приреди ифтар за членовите на Владата и за претставници на партиите од коалицијата, како и за претставници на Исламската верска заедница и други општествени организации, кои ја практикуваат исламската вероисповед.

Почитувани пријатели,

Рамазанските пости се период кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување.

Ми претставува посебна чест што ја прифативте поканата оваа вечер да бидеме заедно во исполнувањето на вашите свети должности.

Со заедничкото споделување и укажување чест во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан, испраќаме порака за заедништво и подавање рака.

Ова се празнични денови кои нè учат сите нас на милосрдие, добрина, давање љубов, грижа и простување кон другите.

Празничниот пост е одрекување од земните и сетилните задоволства што е заедничка вредност на многу вери – вклучувајќи ја и христијанска.

Постот и воздржувањето ни се потребни за да го јакнеме духот и да прифатиме дека промените што сакаме да ги направиме, мора да започнат со нас и во нашите заедници.

Со секој ифтар за време на Рамазанскиот пост се стекнуваме со можност да ја охрабруваме и негуваме нашата заедница.

Република Северна Македонија, како држава и семејство на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно, ја продолжуваат традицијата што како наследство ни ја оставија нашите претходни генерации.

Со заедничко споделување и празнување стануваме поблиски. Со почитување на заеднички вредности кои ја јакнат нашата заедница, успешно ќе продолжиме да го градиме нашето едно општество за сите.

Тој концепт успешно го развиваме врз основа на почитувањето на различни верски традиции, како столб на изградените вредностни системи на еднаквост и меѓусебен дијалог на разбирање.

На сите вас и на сите наши сограѓани од Исламската вероисповед, ви посакувам спокоен период на пост и молитва во месецов на Рамазан.

Нека има спокојство, здравје, среќа и бериќет во секое семејство!

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close