fbpx
ВестиМакедонија

Крај на овој полициски час, ќе се носат нови ограничувања

За понеделеник секако се најавени нови координации кои може да резултираат и со заострување на рестрикциите.

Здравствените власти очекуваат полицискиот час од 22 до 05 да даде резултат и да се намалува бројот на заболени. Но според првичната одлука овој полициски час истекува утре. За понеделеник секако се најавени нови координации кои може да резултираат и со заострување на рестрикциите. Министерот за здравство Венко Филипче веќе најави дека може да дојде до зголемување времетраењето на полициски час и скратување на работното време на угостителските објекти.

„Спремни сме да препорачаме дополнителни рестрикции, но во во консултација сме со докторите и цениме дека засега нема потреба, рече Филипче. во петокот.

Во последниот период имаше забрзано полнење на интерните клиники. Се обезбедува дополнителен простор за лекување. Отворен е дел на пластична хирургија и едно одделение на приземје кои практично се на располагање. Филипче рече дека ќе се обезбедат дополнително 100 кревети. Сепак вчера само за едно деноноќие имаше дури 84 нови хоспитализации.

Тој ги повика вчера на состанок директорите на клиниките на „Мајка Тереза“ и на ГОБ 8 септември.https://faktor.mk/kraj-na-ovoj-policiski-chas-kje-se-nosat-novi-ogranichuvanja

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close