fbpx
ВестиТоп вести

Се предлага субвенционирано гориво за обработка на земјоделските површини

Со Законот за земјоделство и рурален развој  се уредуваат планирањето на развојот на земјоделството и руралниот развој, целите на националната земјоделска политика, планирање, следење и процена на националната земјоделска политика, партнерство со социјални и економски партнери од областа на земјоделството, мерките за уредување и поддршка на земјоделски пазари, директни плаќања и рурален развој, државната помош во земјоделството и руралниот развој, формите на организирање и здружување во земјоделството и контролата на спроведување на мерките и надзорот над спроведувањето.

se predlaga subvencionirano gorivo za brabotka na zemjodelskite povrshini

 

Состојбата во земјоделското производство наметнува потреба од воведување на субвенционирано гориво за обработка на земјоделските површини со што ќе се овозможи земјоделците да имаат конкурентно земјоделско производство. Скапите репроматеријали (семе, ѓубрива, заштитни средства), ниските откупни цени, нередовната исплата на субвенциите како и сѐ уште неплатените земјоделски производи, ги доведува до незавидна ситуација земјоделските производители.

Гориво е една од најголемите причини за неконкурентноста на македонските земјоделски производи наспроти производите од увоз, бидејќи владите на земјите од регионот како и на земјите од ЕУ ја спроведуваат оваа мерка која предвидува 50% субвенционирано гориво. Целта на воведување на оваа мерка е да им се помогне на земјоделските производители во времето кога ги обработуваат земјоделските поршини, поточно тогаш кога трошоците за набавка на репроматеријали се најголеми и кога вушност им е најпотребна помош од државата.

Горивото ќе се доделува во зависност од површината на обработливото земјоделско земјиште, со право на користење на субвенционираното гориво за два пати обработка на истата површина.

Предлог измените можете да ги превземете predlog_na_zakon_za_dopolnuvanje_na_zakonot_za_zemjodelstvo_i_ruralen_razvoj

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close