fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кратовски „Силекс Неметали“ прејде во рацете на турски холдинг

Силекс Неметали СТ, најголемата кратовска компанија која од нејзиното формирање од 2006 беше фаворизирана од државните елити, е продадена на турски инвеститор

Силекс Неметали СТ, најголемата кратовска компанија која од нејзиното формирање од 2006 беше фаворизирана од државните елити, е продадена на турски инвеститор во текот на овој месец.

Холдингот Бахаш изминатите денови го превзел сопствеништвото на градежната компанија од досегашниот сопственик – АД рударско индустриски комбинат Силекс, објавено е на Централен регистар. Наместо досегашниот директор Васил Ристовски, со компанијата ќе управува турскиот државјанин Кенан Кол. Турскиот холдинг, според она што може да се пребара, има над 15.000 вработени и поврзан е со 29 земји. Најмногу го покрива производството и градежништвото.

Силекс Неметали СТ заедно со Силпен СТ, и двете во досегашна сопственост на АД Силекс, се најголемите кратовски фирми. Со промената на власта, компанијата продолжи да работи со тешкотии, но државата и натаму ја „поддржуваше“. Силекс Неметали СТ од 2019 со низа милионски трансакции од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна да го наплаќа рекордниот договор од 30,5 милиони евра за изградба на браната „Речани“ што беше постигнат на два дена пред парламентарните избори 2016.

Рокот за изградба на браната, според договорот е пет години, а неговата ефективност, според претходно објаснување од Министерството за земјоделство, започнува со датумот на воведување на работа на операторот, односно од мај 2019. Рокот завршува во текот на 2024, а досега е завршена само една третина од работата. Инаку со овој проект треба да се реши водоснабдувањето на 90.000 граѓани од Кочани, Виница и од околните населени места. Ќе служи за наводнување на земјоделски површини во кочанскиот регион, но и за збогатување на туристичко-рекреативната понуда со оформување на новото вештачко езеро.

Во меѓувреме градежно-рударската компанија имаше турбулентен период во случајот „Труст “ заедно со „Трансмет“ на Сеад Кочан, за незаконска наплата на 17,3 милиони евра за тендер за ископ на јаловина за тогашен ЕЛЕМ. Во 2019 со пресуда на Апелација на „Силекс Неметали“, како и на „Трансмет“, им беше забрането учество на тендери во наредните три години. Имотот требаше да биде конфискуван за 17,3 милиони евра, колку што и беше тендерот со ЕЛЕМ, но од тогаш речиси нема никакви детали во јавноста до каде е реализацијата на заплената и дали воопшто има нешто такво.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close