fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Преземете ја новата апликацијата „МојДДВ“ прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава  ќе се реализираат во мај. 

Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023  објавен на ден 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. 

Измените веќе се  видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. 

Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава  ќе се реализираат во мај.

Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се  вратени близу 6 милијарди денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close