
Кривични пријави за еден вработен од МЗШВ и двајца од НП „Маврово“
Осомничените се товарат за пустошење заштитена шума во Националниот парк Маврово.
Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо користење во ЈУ Национален парк Маврово и за вработен во Министерството за шумарство и земјоделство за пустошење заштитена шума во Националниот парк Маврово.
„На овој начин пријавените стекнале противправна имотна корист од извршената нелегална сеча се до продажба на дрвната маса на претходно договорени купувачи на штета на ЈУ Национален парк Маврово во износ од 3.005.625 денари.“ – пишува во соопштението на МВР.
Првопријавениот ги пречекорил своите службени оввлкастувања и усно ја договарал нелегалната сеча во Националниот парк Маврово.
„Во текот на март и април 2025 година, првопријавениот ги пречекорил своите службени овластувања, така што со третопријавениот усно договорил вршење нелегална сеча на техничко дрво-ела во ЈУ „Национален парк Маврово“ на место викано „Брана“, а за вонреден инспекциски надзор за наведената сеча бил задолжен второпријавениот. Првопријавениот најпрво испратил барање до Државен инспекторат за шумарство и ловство, упатено до третопријавениот во кое побарал да биде извршена сеча на наведената локација за наводно оштетени стебла од дрво – ела, оштетени од атмосферски влијанија.“ – пишува во соопштението на МВР.
Првопријавениот со повреда на законските прописи и со пропуштање должен надзор врз второпријавениот овозможил да се изврши пустошење на заштитената шума во Националниот парк Маврово, без претходно се објави оглас за сечата за таа да биде јавна и транспарентна.