fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“

Основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на јавната установа, заедно со второ, трето, четврто и петтопријавениот извршиле сеча на зимзелена шума во заштитено подрачје – национален парк, и тоа вкупно 109 стебла молика и ела, со вкупна количина од 168,63 метри кубни, како и необележани 56 стебла молика во количина од 75,79 метри кубни и шест стебла ела во количина од 13,19 м3.

Додека, М.Ш., во својство на одговорно лице – директор во јавната установа, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности со тоа што не извршил должен надзор врз горепријавените.

За овој случај Зелена берза објави пред еден месец https://zelenaberza.com.mk/obvinitelstvoto-istrazhuva-secha-na-eli-i-moliki-vo-np-pelister/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close