fbpx
ВестиТоп вести

Криза и вишок: Планини од компири и тони расипано сирење

Пандемијата на коронавирус им зададе тежок удар на земјоделската и прехранбената индустрија во Европа, каде огромни количини храна неповратно пропаѓаат.

 

Половина од рибарите во Холандија веќе воопшто не одат во риболов, бидејќи цените на рибата значително паднаа поради намалената побарувачка, објавува Кајгана.

Во Франција пропаднаа повеќе од 1.500 тони висококвалитетно сирење бидејќи фармерите немаше кому да го продадат.

Исто така, многу складови и магацини каде се чува храна се ближат до максималниот капацитет, а во нив, меѓу другото, има и „планини“ од компири.

Пример е Белгија во чии складови има околу 750.000 тони непродаден компир кој во нормални услови би се нашол на странските пазари, но кризата со коронавирусот ги затвори рестораните и ја ограничи куповната моќ на луѓето.

Некои производители го донираат вишокот како храна за бездомниците, а од Белгијците беше побарано да јадат повеќе помфрит, се наведува во специјалниот прилог на BBC.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close