fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Кромидот е скап е, а ќе биде уште поскап

На зелените пазари оваа култура се продава до 80 денари за килограм.

Цената на кромидот на зелените пазари годинава се повисоки од ланските во просек за 66 отсто и се движат од 45 до 80 денари за килограм. Во маркетите цените се повисоки и се движат од 59 до 90 денари. Земјоделците велат дека тоа е така бидејќи климатските промени и дождливото време влијаеше на квалитетот и помалите приноси на оваа култура, а трошоците на производство пораснаа за 50 отсто. Тие очекуваат цената да расте, а прекупците и трговците да не печалат на нивниот грб.

– Трошоците за производство на кромид се зголемени за околу 50 отсто во однос на лани. Дождливото време веќе покажува дека приносите и квалитетот на кромидот ќе бидат пониски. Сето тоа влијае и на крајната цена на нашиот производ која не треба да биде пониска од трошоците – вели производител на кромид од кичевско.

Тој посочува дека годинашното производство по хектар може да биде преполовено поради влагата, па очекува домашниот кромид да го има помалку на пазарите.

– Лани приносите беа 50 до 100 тони по хектар, а годинава може да се добие половина од тоа, а ако потраат лошите временски услови можно е да не се добијат повеќе од 30 тони по хектар. Во моментов цената на кромидот, ако се продава на големо, е од 22 до 40 денари за килограм, со што делумно се покриваме со трошоците. Како таа на пазарот расте до 80 денари за килограм прашајте ги прекупците и откупувачите кои секоја година заработуваат на нашиот и на грбот на граѓаните – вели тој.

И земјоделците од овчеполско се жалат дека оваа култура, од која живееја голем дел семејства, сега се сади на помали површини бидејќи нема кој да работи на нивите.

– Младите заминаа во странство, а на нивите работат само постарите и поради неисплатливоста сè  помалку се произведува. Климатските промени се повеќе влијаат на овој производ. Лани немаше дожд кога требаше, а годинава го има и кога не треба. Секоја година има се поголем увоз на земјоделски култури. Ќе треба да размислуваме за друга култура – вели земјоделец од Каратманово во Овче Поле.

Сепак, земјоделците се свесни дека зголемениот увоз на кромид од Албанија и Србија ќе влијае на крајната цена на овој производ. Но, со оглед дека и овие цени засега се високи тешко дека ќе има кромид под 60 денари, а можно е и во одделни периоди да достигне и 100 денари за килограм.

Податоците на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС) покажуваат дека на пазарот на големо просечната цена на кромидот во јуни изнесувала 47, 5 денари за килограм што во однос на ланскиот јуни е повисока за 90%.

На истата платформа цените на кромидот во јуни на зелените пазари во земјава биле повисоки од ланските за 66,2% и тие се движат од 45 до 80 денари за килограм.

Денеска, пак, на пазарите во Скопје можеше да се најде кромид и по цена од 60 денари, а во маркетите цената се движи и до 90 денари за килограм. Во одделни маркети има намалување на цената, па кромид може да се најде и за 59 денари килограмhttps://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close