fbpx
ВестиТоп вести

Кажете и збогум на крушковата болва

Во насадите со круши, најважен штетник е обичната крушкова болва. Нејзиното големо намножување го доведува во прашање опстанокот на крушите. Ефикасното сузбивање е главен предуслов за исплатливо одгледување на крушата.

Презимува во имаго стадиум. Првата поголема појава на ларви, обично е во мај во зависност од температурите и временските услови. Ларвите ги населуваат врвовите на изданоците, лисјата, цветните петелки и цветовите, а подоцна и плодовите. Ларвата низ периодот на развој поминува низ пет ларвени стадиуми.

Ларвите во првиот развоен стадиум влегуваат во пупката, каде се хранат, додека во подоцнежните развојни стадиуми забележливи се на листот и плодот, со обилна продукција на медна роса. Со оглед на тоа што крушковата болва презимува во стадиум на имаго, императив во сузбивањето на крушковата болва е влез во вегетација со што помала популација.

Тоа значи дека, со зимско третирање  со минерално масло Galmin (2-3%), се спречува одлагањето на јајцата на крушковата болва на наборите на гранките. Се препорачува на GALMIN – от да се додаде инсектицидот CIPKORD 20 EC (0,03%) или KONZUL (0,15%) поради намалување на бројноста на презимени имага. Заостанатата популација после третирањето е хомогена и лесна за сузбивање.

Фенофазите бараат различни третмани

Во фенофазата глувчии уши/зелени букети неопходно е да се користи HARPUN ( во концентрација 0,15%), поради спречување на формирање ларви во положените јајца. Ова третирање се извршува на почетокот на полагањето на јајцата. Со специфично делување на оогенезата во јајниците на возрасните женки, HARPUN дополнително делува на полагање на помал број слабо витални јајца.

Во фенофазата бели балони – почетокот на цветањето од веќе положените јајца доаѓа до испилување на ларви и појава на L1 развоен стадиум. Најдобри резултати во сузбивањето на младите ларви L1 стадиум крушковите болви имаат инсектициди од групата неоникотиноиди и одлично контактно делуваат на имаго. Во случај на продолжено интензивно полагање на јајца треба да се додаде HARPUN (0,15%).

Во фенофазата прецветување, компанијата GalenikaFitofarmcija препорачува примена на инсектицидот KULIS (во концентрација 0,035%). Поради својата исклучителна систематичност, многу брзо после апликацијата во полна количина на примената се депонира во површинскиот дел на младиците сузбивајќи ги ларвите на местото на исхрана. Со оглед на тоа што има и извонредно контактно делување на имаго, со неговата употреба доаѓа до значајно намалување на сите развојни стадиуми на крушковата болва. Вториот третман со препаратот KULIS потребно е според потребата да се изврши за 10-14 дена.

Во текот на формирањето на плодовите се појавуваат постари ларви L3-L4, кои обично лачат медна роса. Во оваа фаза, препорака е да се примени ABASTATE (во концентрација 0,15%) во комбинација со минерално масло – GALMIN (во концентрација 0,2 – 0,3%).

Подоцна, во текот на летото по појавата на постарите ларви и медната роса се користи ABASTATE (0,15%), по потреба, со додаток на минерално масло GALMIN (0,2 – ),3%) или NU FILM 17 (0,1%), затоа што од постоечките инсектициди, единствено тој делува на постарите ларвени стадиуми. Квалитетот на третирање подразбира правилен избор на инсектициди, користење полна количина на примена на пестицидот, доволно количина на вода 1000 – 1500 л/ха, како и правилно одбрано време за третирање во текот на денот.

Пред употреба на препаратот, задолжително треба да се прочита упатството и да се однесува во согласност со препораките.

 

 

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close