fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На гости кај Душко и Ристе од Валандово, производители на сок од калинка, намаз од маслинки, ракија од калинка и јапонско јаболко

Николовски-Подршката која ја даваме на младите земјоделци, 20.000 евра за поттикнување на земјоделското производство, и 10.000 евра како мотивација да започнат свој бизнис во земјоделскиот сектор е значајна.

Секогаш ми претставува големо задоволство кога гледам млади луѓе, земјоделци, ентузијасти, кои вредно работат и тука ја гледаат својата иднина. Денеска ги посетив Душко и Ристе од Валандово, производители на сок од калинка, намаз од маслинки, ракија од калинка и јапонско јаболко.Овие двајца млади земјоделци се добитници на грант во вредност од 20.000 евра, со што си го модернизираат производството и започнуваат сопствена линија на органски производи од калинка и маслинка, KUVET.
Подршката која ја даваме на младите земјоделци, 20.000 евра за поттикнување на земјоделското производство, и 10.000 евра како мотивација да започнат свој бизнис во земјоделскиот сектор е значајна.
🤝Особено ме радува фактот што заинтересираноста за мерките кои ги нудиме е огромна, а вкупната финансиска поддршка за исплатени грантови е 112 милиони денари. Ги повикувам сите млади да аплицираат и да ја искористат помошта која ја нудиме, да допринесуваат за развој на земјоделството тука, во својата држава, објави министерот Љупчо Николовски.
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close