fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

„Купувај домашни земјоделски производи“ – Владина кампања за растот на домашната економија

Секој производ во маркетите ќе биде јасно обележан – дали е од домашно производство или е увезен, а целта е граѓаните свесно да избираат домашни производи и со тоа да дадат поддршка на локалните производители.

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја стартуваа кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“, со цел да се стимулира растот на домашната економија и да се поттикне зголемена потрошувачка на македонски земјоделски производи.

„Со оваа кампања не само што ја поттикнуваме побарувачката на пазарот, туку создаваме услови за земјоделците да се вратат на нивите и да го зголемат производството. Македонија треба да стане земјоделски независна држава“, порачуваат од Владата.

Секој производ во маркетите ќе биде јасно обележан – дали е од домашно производство или е увезен, а целта е граѓаните свесно да избираат домашни производи и со тоа да дадат поддршка на локалните производители.

„Една година Влада значи целосна посветеност на реални проекти. Земјоделците се во фокусот на нашите политики, и ќе продолжиме со мерки што директно влијаат врз развојот на економијата и растот на БДП“, велат од Владата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close