fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Лабуништа итно, бескомпромисно треба да биде ослободено од каменоломите

Министерот Бектеши како надлежен, беше запознат со претставките и потенцира дека детално е запознат со проблемот во Лабуништа. Уверуваше дека ќе следи вонредни инспекциски надзор, а резултатите ќе бидат во краток рок“, велат од Месната заедница на Лабуништа.

Вонреден инспекциски надзор и решавање на проблемот со каменоломите, се ветувањата кои ги добија жителите на струшкото село Лабуништа на средбата со владините преставници, која следеше по заканите дека ќе има бојкот на наставата ако не бидат одземени концесиите за работа. Како што велат тие, министерот за економија Крешник Бектеши ветил дека резултати ќе има во многу краток рок.

„На средбата беше пренесена пораката дека Лабуништа итно, бескомпромисно треба да биде ослободено од каменоломите и воедно беа приложени докази за законски прекршувања кои се основ за одземање на концесиите. Владата, особено министерот Бектеши како надлежен, беше запознат со претставките и потенцира дека детално е запознат со проблемот во Лабуништа. Уверуваше дека ќе следи вонредни инспекциски надзор, а резултатите ќе бидат во краток рок“, велат од Месната заедница на Лабуништа.

Тие напоменаа дека во моментов нема решение за одземање на концесии или дислокација.

Во Лабуништа има два активни каменолома и уште неколку што работат без дозвола. Првиот каменолом започнал со работа уште пред 20-тина години. Каменоломите со одлука на Владата во 2020 останаа без концесии, но Управен суд со пресуди ги врати концесиите на двајца концесионери.

Жителите на Лабуништа досега повеќепати го блокираа магистралниот пат Струга-Дебар. Револтирани се, како што велат, од тоа што со години протестираат, а никој не презема ништо за проблемот кој им го нарушува здравјето и ја уништува природата.

„Согласно извештајот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, во последните три години има 1.850 респираторни заболувања, а тоа е една третина од граѓаните. Исто така, загрозени се и нашите имоти. Земјоделските почви од кои со години сме живееле денес се неплодни. Од друга страна, загрозени ни се и домовите. Од првата куќа на каменоломот до првите куќи има не повеќе од 90 метри“, велат тие.

извор https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close