fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Лебен популизам или борба против „воени профитери“?

Популистички потег за зголемување на личниот рејтинг на министерот за економија Крешник Бектеши или борба против „воените профитери“ меѓу производителите и трговците со храна?

Владата денеска треба да донесе одлука дали ќе ја замрзне цената на лебот на максимум 33 денари. Министерството за економија исто така предлага укинување на субвенционирата струја за прехранбените фирми затоа што не ги намалиле цените. Едни обвинуваат за популизам, други за воено профитерство.

Популистички потег за зголемување на личниот рејтинг на министерот за економија Крешник Бектеши или борба против „воените профитери“ меѓу производителите и трговците со храна?

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска треба да одлучи дали ќе ја ограничи цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на максимум 33 денари. Пекарите се заканија дека ако одлуката биде усвоена, тие нема веќе да носат леб во продавниците.

Аналитичарот Синиша Пекевски вели дека ограничувањето на цената нема да го реши проблемот со високите цени на храната. Ако веќе замрзнуваат, тогаш не треба да биде само лебот, туку сет на основни производи, вели тој.

„Популистичка мерка на министерот и на Министерството за економија. Сакаат само да покажат пред поголемиот број граѓани кои се во незавидна положба, кои имаат потпросечни примања и кои инфлацијата и кризата најмногу ги допира, еве да покажат дека реално сакаат да им овозможат основниот продукт да биде по некоја цена која може да биде прифатлива за нив“, вели Пекевски.

Според него, сепак не се работи за подготовка за избори, кои нема да се случат набрзо.

Министерот Бектеши пред неколку дена рече дека, освен ограничување цената на лебот, исто така предлага да им се укине субвенционираната струја на фирмите кои произведуваат основни прехранбени производи, затоа што не го испочитувале џентлменскиот договор да ги поевтинат производите. Владата од ноември им понуди струја на фирмите кои произведуваат основни прехранбени производи неколку пати поевтина од берзанската. Лебот е само прв чекор, веќе работиме и на замрзнување на цените на другите основни производи, рече Бектеши.

„Со ова уште една се покажува дека владата работи во интерес на граѓани и нема да дозволиме да има воени профитери во време на ваква голема криза“, рече Бектеши.

Пекарите веќе нема да прават леб?

Групацијата на пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија реагираше дека ако владата донесе одлука за замрзнување на цените, тие веќе нема да произведуваат леб, затоа што ќе работат со загуба.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираше дека замрзнување на цената на лебот е знак на немоќ на владата и знак на лошо раководење со економската политика што може да предизвика недостиг на пазарот.

Во изминатите денови премиерот Димитар Ковачевски и министерот Бектеши даваат спротивни изјави. Ковачевски вели дека владините мерки даваат резултат и храната поевтинува, Бектеши, пак, дека две третини од компаниите кои добиваат поевтина струја само си го зголемуваат профитот, а производите имаат иста цена.

 

https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close