fbpx
ВестиМакедонија

Ленка не умрела од нижење, туку од пушење тутун?!

Стевче Радевски-Штом владата ја усвоила „Новата стратегија  за производство на тутун 2021-2027", за тутунот и за оние кои живеат од производството на тутун доаѓаат тешки денови.

Штом владата ја усвоила „Новата стратегија  за производство на тутун 2021-2027″, за тутунот и за оние кои живеат од производството на тутун доаѓаат тешки денови.

Своевремено,како студент на Prilep School of Economics  присуствував на неколку презентации на студијата: „Стратегијата за развој и ревитализација на Мариово“. (Чинам, тоа беше точниот назив на студијата?). Колумната ја објави https://plusinfo.mk/lenka-ne-umrela-od-nizhe-e-tuku-od-pushe-e-tutun/

На таа студија, со години работеше дел од професорскиот кадар на Економскиот факултет во Прилеп и истата беше неколкупати доработувана. Главната поента на студијата беше ревитализацијата на Мариово и истата беше преполна со оптимистички претпоставки – за тоа каков сè потенцијал лежи во тој регион, колку луѓе би требало да се вратат таму и сето тоа поткрепено со статистики за бројот на ситен и крупен добиток што би можел таму да се одгледува.

Не знам, како денес изгледа Мариово, но знам дека откако се направи студијата, таму „жив човек“ не остана.

Што ми беше думата? Штом владата ја усвоила „Новата стратегија  за производство на тутун 2021-2027″, за тутунот и за оние кои живеат од производството на тутун доаѓаат тешки денови.

Рака на срце, јас лично не сум ја прочитал стратегијата, но она што го знам од моето искуство е дека секогаш кога владата ќе излезеше со стратегија за одредена култура, за неколку години истата ќе ја снемаше.

И затоа, очекувам во најскоро време да почне кампања за  штетноста на производството на тутунот врз животната средина и за штетноста на пушењето цигари. Ништо чудно на крајот на таа кампања да почнат да нė убедуваат  дека Ленка, не умрела затоа што го нижела тутунот, туку затоа што го пушела истиот.

И така, лека-полека, ќе се отвора патот за сė поголема употреба на марихуаната.

Какви стратези, таква стратегија!

(ФБ пост на авторот, насловот е редакциски на порталот Плус инфо)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close