fbpx
Без категорија

Се намалуваат цените на лебот, млекото, месото…

Еве го целиот список

Од утре, а најдоцна задутре цените во маркетите на лебот, млекото, месото, тестенините… односно на 24 категории производи треба значително да поевтинат, некои и над 30 отсто од сегашните цени, односно 10 отсто во однос на нивото што беше на 1 август, што се зема како референтна вредност. Мерката ќе трае до крајот на ноември, но доколку е потребно ќе се продолжи, а се очекува покрај денес објавените производи во наредниот период да бидат вклучени и други, за што се водат разговори со производителите и трговците.

Министерот за економија Крешник Бектеши денес на прес конференција соопштувајќи ги производите кои ќе поевтинети, рече дека за оние кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата, ќе бидат преземени мерки, вклучувајќи и затворање на продавниците од страна на Државниот пазарен инспекторат, за што има и сега можности, а наредната недела ингеренциите на инспекторите дополнително ќе бидат зајакнати.

„Донесена е одлука за определување на цените на мало како и обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица и се регистрирани за вршење дејност производство и трговија на големо“, рече Бектеши, додавајќи дека откако ќе биде објавена во Службен весник ќе биде обврска на сите трговци на мало  да ги применат тие цени согласно референтниот датум 1 август, објави Независен

Листата на производи е следна:

  1. Ориз бел во пакување од 900 грама до еден килограм
  2. Брашно пченично тип 400 и тип 500
  3. Бел и полубел леб векна индустриски тип 450 грама цел и на парчиња со исклучок на свежо печен леб во маркетите
  4. Други пекарски производи.
  5. Бисквити петит бер и бисквити обични и посни од 300 до 500 грама
  6. Наполитанки со  фил од какао крем  (обични, непреливни) од 300 до 500 грама
  7. Тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 грама
  8. Јунешко месо без коски од бут или некој друг дел
  9. Свинско месо без коски од бут или некој друг дел
  10. Мелено месо свинско и јунешко
  11. Пиле свежо или замрзнато (цело)
  12. Пилешки стек свеж или замрзнат
  13. Чаен колбас (јунешки свински говедски) без додатоци  и без слајс пакување…
  14. Пилешка посебна салама (без слајс пакување)
  15. Паштета  од џигер и пилешка, без додатоци во пакување од 95 и 100 грама
  16. Трајно кравјо млеко, без органско и со додатоци, со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 од 1 литар
  17. Јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 до  3,2 отсто од 1 и 1,5 л.
  18. Кисело кравјо млеко, обично без додатоци, со масленост од 2,8 и 3,2 , пакување од 300 до 500 грама
  19. Павлака од кравјо млеко со масленост од 12 до 20 отсто во пакување од 180 до 200 грама
  20. Традицуионално кравјо бело сирење и мешано бело сирење без додатоци,
  21. Традиционален кравји и мешан кашкавал без додатоци
  22. Свежи јајца од кокошка
  23. Свежо овошје
  24. Свеж зеленчук

Слични написи

Back to top button
Close