fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Левица: Го поддржуваме протестот на сточарите

Да се исплатат сите заостанати субвенции по сите основи во земјоделството.

Сојузот на одгледувачите на овци во Република Македонија најави протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ден 15. септември 2022 година. Иако министерот Љупчо Николовски претходно се фалеше дека оваа година со ребалансот на буџетот ќе се исплатат сите заостанати и тековни субвенции во сите гранки во земјоделието, одгледувачите на овци ја чекаат исплатата на субвенциите за 2021 година чиј рок за исплата веќе е одамна поминат. Политичарите на СДС се познати по своите лажни ветувања, така и Љупчо Николовски најавуваше и авансна исплата на субвенции почнувајќи од оваа година, но како и многу пати досега знаеме дека тоа е уште една лага во низа на министерот. Николовски, водејќи се по агендата на СДС, една по една ги згаснува гранките на земјоделието, лозарството, тутунарството и оризопроизводството, за сега на ред да дојде и уништувањето на овчарството во Македонија. Левица дава безрезервна поддршка на претстојниот протест на одгледувачите на овци и апелираме Љупчо Николовски да поднесе оставка од министерското место, и да се исплатат сите заостанати субвенции по сите основи во земјоделството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close