fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Левица-Владата одговорна за социјална катастрофа на овоштарите

На први декември Руската Федерација стави забрана за увоз на јаболка и други земјоделски производи од Република Македонија поради појава на инсектот кафеава бубачка.

Реакција на Левица – ЛО Ресен

На први декември Руската Федерација стави забрана за увоз на јаболка и други земјоделски производи од Република Македонија поради појава на инсектот кафеава бубачка.

Оваа забрана дојде во најлошиот временски период кога јаболко производителите се соочуваа со најниските откупни цени на јаболката, како на конзумната така и за индустријата, големата инфлација и екстремно скапите цени на ѓубривата, пестицидите и нафтата.

Доколку оваа забрана потрае, јаболката ќе остане непродадена во складиштата, што ќе доведе и до социјална катастрофа за овоштарите на кои производството на јаболка им е единствен извор на егзистенција.

Левица – Ресен одговорноста за оваа забрана ја лоцира во владата на Република Македонија и надлежните институции, и ги повикува час побрзо да најдат решение за пласманот на јаболката.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close