fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Левицата предлага платено породилно отсуство за мајките земјоделки

Заштита на мајките е фундаментално право, кое не треба да се заслужува.

„Овој закон ние го поднесовме на 6 април и речиси една година стои заглавен. За жал, во нашата држава само со притисок и пред избори работите се случуваат. Тргнувајќи од фактот дека правото на паричен надоместок за време на привремена спреченост за работа во согласност со законот е задолжително здравствено осигурување. Паричниот надоместок за привременото отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство по својот социјален карактер е обврска на државата“, вели пратеникот од Левицата, Борислав Крмов, за предлог-законот за здравствена заштита.

Покрај ова, како што додаваат од Левицата, жените регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од Законот за здравственото осигурување и не го добиваат ова фундаментално право.

„Земјоделките, де факто, се статусно дискриминирани во однос на другите работнички – оваа нееднаква социјална политика има сериозни последици врз нивното репродуктивно, психичко и физичко здравје.

Заштита на мајките е фундаментално право, кое не треба да се заслужува. Извештајот на ЕК го нотира овој проблем во целост, да немаме дилеми“, се наведува во соопштението од оваа партија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close