вестиТоп вести

Лиценци ќе се воведуваат и за ИПАРД – консултантите

Со новиот закон кој е во подготвителна постапка агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој планира консултанти за ИПАРД да може да бидат само оние кои ќе имаат лиценца. Лиценцата ќе ја издава комората која исто така е услов и која ќе мора да ја формираат самите лиценцирани  консултанти. Оваа законска измена според првиот човек на платежната агенција Николче Бабовски има за цел земјоделците и стопанствата кои во последно време покажуваат се поголем интерес за искористување на европските предпристапни фондови да добиваат квалитетни услуги од консултантите и со тоа да се придонесе за подобрување на квалитетот на апликациите. Со оваа новина се очекува да се зголеми и прагот на прифатливи апликации а со тоа и поголемо искористување на ИПРД фондовите за модернизација и осовременување на македонското земјоделство. Лиценцирањето ќе биде основен услов за да продолжат со консултативните работи дури и за оние кои се во оваа работа уште од самиот почеток, што е близу две децении. Новиот закон за советодавни услуги веќе е во фаза на изготвување и се очекува да биде донесен годинава.

-Ќе треба да се воведе ред, бидејќи не може секој да работи сè и сешто. Формирањето комора на лиценцирани консултанти е еден од начините за поефикасно искористување на ИПАРД-средствата. Всушност, добро е да се формира комора како во сите бранши. Тоа ќе овозможи апликантите да добиваат квалитетни услуги, пред сè од консултантни кои ќе бидат лиценцирани. Значи, целта е да се подобри квалитетот на апликациите. Притоа, и оние што можеби 20 години работеле на ИПАРД, ќе мора да се лиценцираат за да се вклучат во процесот на изготвување уште поквалитетни апликации, истакнува Николче Бабовски во изјава за МИА.

Земјоделците кои сакаат да аплицираат за ИПАРД со новото законско решение немаат обврска да користат услуги од некој од лиценцираните консултанти кои ќе бидат членови на комората бидејќи ќе може и самите да си направат бизнис план или да користат бесплатни советодавни услуги од АПРЗ. Платежната агенција нема евиденција колку консултанти има кои во моментов работат на ИПАРД проектите бидејќи е важно само да се квалитетни апликациите без разлика кој како ја изработил.

Според новото законско решени сито кои ќе сакаат да остварат право на лиценца за консултант ќе треба прво да поминат одредена обука по која ќе добијат одредено признание во вид на диплома по што ќе може да аплицираат за лиценца што дополнително ќе биде уредено со подзаконски акти односно со правилник.

Македонското земјоделство со ИПАРД 1 за 6 години успеа да повлече едвај 16 милиони евра. Дека оваа сума е мала говори фактот што со првиот повик од ИПРД 2 се потпишаа договори во вредност од над 18 милиони евра а на располагање за обнова и модернизација на аграрот ни се вкупно 80 милиони евра од европските предпристапни фондови.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close