
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Средба на Серафимовски со пчеларите
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија.
Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање соодветни политики.
На средбата со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија разговаравме за состојбите во пчеларството, влијанието на променливите климатски услови врз производството и потребата од поефикасна заштита на домашните пчелари од нелојалната конкуренција.
- Само преку отворен дијалог и координирано постапување можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство.




