Повисоки субвенции за земјоделците што ќе користат арско ѓубре наместо вештачко

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Земјоделците кои од Нова година во своите посеви ќе користат арско наместо вештачко ѓубриво или неговата употреба ќе ја сведат на минимум, ќе добијат повисоки субвенции. Поголеми субвенции ќе следуваат и за користење чиста вода за наводнување, за сите фармери кои минимално ќе употребуваат хемиски средства за борба против плевелот и штетниците и правилно ќе се справуваат со земјоделскиот отпад. Ова се само некои од условите кои треба да ги исполнат земјоделците според принципот добра земјоделска пракса (ДПЗ) од в година за да добијат дел од државниот колач.

Во Министерството за земјоделство велат дека делењето на парите според ДПЗ ќе биде постепено и предвидено е в година околу 20 отсто од средствата да се даваат според овој принцип. За 2017 година првично беше предвидено 30 отсто од сумата да оди за оваа намена. Во моментот се подготвува програмата за субвенционирање за в година за кога се одвоени нешто повеќе од 140 милиони евра за аграрот. Деталите се најавуваат за крајот на следниот месец.

povisoki subvencii za zemjodelcite shto kje koristat arsko gjubre namesto veshtachko

 

Строги правила

Во ресорот велат дека добрата земјоделска пракса е нешто на кое земјоделците ќе мора да се навикнат, но тоа ќе оди постепено. Најавуваат строга забрана за палење стрништа, а за поголемите земјоделци задолжителни хемиски анализи на почвата пред воопшто да решат дали им треба вештачко ѓубре.

– Системот за добрата земјоделска пракса не е ништо ново. Таа се спроведува во секоја држава каде што аграрот е меѓу водечките стопански гранки и значи контролирана употреба на ѓубрива, пестициди, хербициди. Битно е да се напомене дека таа придонесува за контрола на токсичните елементи, биолошки агенси, микотоксини и други контаминенти во производот. Препораките и информациите што ги нуди ДЗП се однесуваат на животната средина, економската и социјалната сигурност на производство на фармата, а крајниот резултат е безбедна храна и земјоделски производи – велат во Министерството за земјоделство.

Според прирачникот за ДЗП, сите производители на храна, преработувачи, трговци и потрошувачи треба да работат на добивање сигурен, економски профитабилен и продуктивен земјоделски систем, кој овозможува заштита на човечкото здравје, здравјето на животните и благосостојбата, како и заштита на животната средина.

1393332752_89186_1

Задоволни земјоделци

Земјоделците, генерално, се задоволни од новиот начин на доделување на субвенциите и од зголемувањето на износот за годинава. Велат дека дел од нив потешко ќе се навикнат на спроведување на добрата земјоделска пракса, но со тек на време таа ќе стане дел од производниот процес.

Во земјоделските здруженија велат дека се задоволни што од в година посебно внимание ќе се посветува на добрата земјоделска пракса, односно дека повеќе пари ќе добијат фармерите кои повеќе вложуваат во самото производство.

– Често се случува без анализи да се додаваат хемиски материи во земјата, иако веќе ги има во преголема количина. Добро е што на оваа тема се обрнува внимание и се стимулираат земјоделските производители кои вложуваат во добрата земјоделска пракса – изјави Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.

Добрата земјоделска практика е основен елемент за превенција на производите од загадување со патогени микроорганизми за време на растењето, зреењето, жетвата, сортирањето, пакувањето и чувањето. Експертите велат дека клучни елементи при имплементација на ДЗП-програмата се информации за претходно користење на почвата, квалитет на водата, ѓубрење на почвата, но и информации дали во областа има присуство на диви и домашни животни.

green-waste

– Посебно треба да се внимава на пестицидите што се користат, хигиена на работниците, санитарните јазли и отпадокот што се добива при земјоделското производство – стои во прирачникот.