вести

Лиценци за проценители на тутун

Кандидатите кои сакаат да полагаат испит за добивање лиценца за проценка на тутунот треба да бидат со соодветно високо, вишо или средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун.

licenci za proceniteli na tutun

 

Доколку имаат несоодветно образование треба да се производители на тутун најмалку пет години.

Барањето за полагање треба да го поднесат до Министерството за земјоделство.

Испитот се состои од два дела, и тоа теоретски со електронски тест и  втор практичен дел.

Трошоците за полагање на испитот ги плаќа кандидатот во висина од 2.500 денари.

Пријавувањето ќе трае до 15 јануари, а првиот теоретски дел од испитот ќе се полага на 25 јануари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close