fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Хаварија на каналот на системот Макарија од кој се наводнуваат земјоделски површини во Росоманско

Проблемот ги засега сите сопственици на земјоделски имоти по левата страна од течението на Црна Река, до испустот кај селото Ногаевци.

Хаварија на сифонот на левиот магистрален канал на системот Макарија, од кој се наводнуваат земјоделски површини во Росоманско, се случи во текот на денешниот ден, потврди за МИА, градоначалникот на Росоман, Стојан Николов. Тој појасни дека проблемот ги засега сите сопственици на земјоделски имоти по левата страна од течението на Црна Река, до испустот кај селото Ногаевци.

– Поради итноста и сериозноста на оваа хаварија, одма излеговме на лице место заедно со директорот на Водостопанство „Тиквеш“ Кавадарци, како одговорна институција,  претседателот на комисијата за земјоделие при Советот на општината Росоман и ги информиравме сите одговорни и надлежни институции, како веднаш би пристапиле кон изнаоѓање решение и санирање на оваа  хаварија. Општина Росоман безрезервно ќе застане во решавањето на оваа хаварија.  Сакам да упатам апел за смиреност на земјоделците и да не се злоупотребува политички, оваа настаната хаварија. Решение мора да има и ќе има, нагласи Николов.

Претседателот на месната заедница Сирково, Веле Коцев, во изјава за МИА рече дека на земјоделците им останува да се надеваат, дека во најкраток рок ќе се санира дефектот на левиот магистрален канал Трстеник – Градско.

– Вакви големи дефекти се јавувале и во изминатите години. Било извршено само нивно санирање. Иако, на целиот затворен дел од каналот треба да се изврши целосна обнова со нов цевковод, што ќе гарантира непречено снабдување со вода за наводнување на земјоделските култури во општините Росоман и Градско. Имајќи во предвид дека при поранешни дефекти немало вода и по 20 дена, ова за нас земјоделците ќе значи материјална штета на земјоделските култури, особено градинарството, лош квалитет на праските и неможност да се извезуваат, нагласи тој, изразувајќи надеж за реформи во функционирањето на водоснабдителниот систем за наводнување во државата.

МИА

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close