Лошата атмосферска канализација ја поплави Струмица – парчиња град пливаат низ поплавените улици
Дел од граѓаните на социјалните медиуми пишуваа и дека невремето било проследено со леден дожд.
Струмица синоќа погодена од силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд кои поплавија поголем дел од улиците, а делови од градот останаа без снабдување со електрична енергија. Екипи на комуналното градско претпријатие и на Противпожарната единица интервенираа на терен, и засега нема информации за поголеми штети, а граѓаните на социјалните медиуми за ваквата поплава велат дека е последица на лошата атмосферска канализација.
-Вечерва Струмица, особено во делот на улица Млaдинска повторно е жртва на лошата атмосферска канализација, несоодветната инфраструктура но очигледно и слабото одржување на канализацијата. Вечерва времето потсетува дека главната задача на политичарите е да се грижат за генералните проблеми, а другите задачи се споредни“, стои во објавата на ФБ страницата на „Струмица денес“.
Дел од граѓаните на социјалните медиуми пишуваа и дека невремето било проследено со леден дожд. На видео снимка објавена од локалниот медиум „Струмица денес“ се гледа како големи парчиња град „пливаат“ по поплавените улици. Струмичани во своите реакции напишаа дека вакво невреме не паметат. Според најавите на хидрометеоролозите услови за обилни врнежи од дожд во Македонија ќе има и во наредните неколку дена.
Силното невреме што синоќа ја зафати Струмица предизвика поплави во пониските делови во градот. Струмица денес на својот профил на Фејсбук објави фотографии на кои се гледаат улици целосно под вода.https://telma.com.mk/