Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Отворен е влезот за сезонски работници во Германија, берачите на аспарагус заработуваат 2.500

Во Германија, треба за започне сезоната на аспарагус. Повеќето сезонски работници доаѓаат од источна Европа. Тие живеат и работат според строгите хигиенски прописи за време на пандемијата.

За земјоделците, ова е втора сезона во пандемија. Иако овој пат се подготвија подобро, сепак се малку нервозни за претстојната сезона, пишува Дојче веле.

„Оваа година можеби знаеме малку повеќе што да очекуваме“, претпазлив е 32-годишен земјоделец. “Минатиот март не знаевме ништо. Селфкант е во областа Хајнсберг и тоа беше првото жариште на корона во Германија. По избувнувањето на епидемијата, тројца од десет сезонски работници, кои во тоа време веќе беа на фармата, веднаш седнаа во автомобилот и се вратија дома, во Романија “.

После тоа, беше воведена блокада, така што сезонските работници веќе не можеа да доаѓаат во Германија. Подоцна, тоа се смени, на земјоделците им беше дозволено да донесат работници, на свој трошок. Семејството Хенсгенс ги чинело 10.000 евра за билетите за работниците. “Некои не успеаја затоа што работниците од Романија не знаеле каде е аеродромот или како да стигнат таму. Обично минибусите ги земаат од нивните домови и ги носат тука”, вели Крис Хенсгенс.

Фармата за аспарагус во сопственост на семејството Хенсгенс е втора по големина во овој регион на крајниот запад на Германија. Без сезонски работници, тие 250 хектари не би биле ни обработувани. Повеќето сезонски работници се од Романија, а од јули до септември има и студенти од Украина. Тие се на возраст меѓу 18 и 25 години и се ангажирани во Украина со ветување дека, по работното време, ќе можат да поминат малку време во Германија.

„Пред пандемијата, студентите одеа во Ахен, Келн или Амстердам за време на викендите“, вели Крис Хенсгенс. „Не можеме да ги заклучиме, но тие треба да останат сега тука и, ако е можно, да се држат настрана едни од други.

Но, во пракса, ова е обично невозможно: “Понекогаш изгледа како да се на екскурзија. Тие пијат после работа, а по две пива, тешко е да се следат правилата воведени поради короната”.

Почитувањето на строгите правила за хигиена е логистички предизвик за сите на фармата. Во секоја куќа во која живеат сезонски работници има четирикреветни соби, заедничка кујна, дневна соба и тоалети. Но, тие сега можат да примат само дел од работниците, најмногу двајца по соба. За другите, се изнајмуваат контејнери со дополнителни санитарни јазли. Чини 30 000 евра. Уште 9.000 евра мора да бидат платени на персоналот за чистење кој редовно ги дезинфицира тоалетите, ходниците и кујните.

Имајќи предвид дека работниците повеќе не треба да одат сами во шопинг, а исто така и поради правилото дека максимум седум лица можат да бидат во кујна или трпезарија во исто време, Хенсгенс го „централизираа“ ручекот. „Готвачот, кој вообичаено работи во нашиот ресторан, сега готви за целиот тим“, вели Арне Хенсгенс. А, работниците потоа ручаат и јадат во нивната соба.

И оваа година работниците треба да бидат поделени во групи, односно групи кои работат и живеат заедно и не се мешаат едни со други. Некои групи заминуваат и се враќаат од полето според одреден распоред, а се поставуваат препреки на патиштата по кои се движат, односно во ходниците, за да не стапат во контакт. „Помага ако што помалку луѓе се сретнат по тие патеки“, вели 25-годишниот Арне, инаку земјоделски инженер. Исто така, работниците кои влегуваат во Германија мораат да презентираат негативен тест за корона, а неколку дена подоцна повторно се тестираат на фармата.

Браќата Хенсгенс се свесни дека оваа година ќе мора редовно да ги тестираат работниците (и често), веројатно на нивна сметка. Кога короната се појави на плантажите со јагоди во Баварија минатата година, сите работници биле тестиран. Ги чинело 7.000 евра. „Еден од нашите работници беше позитивен“, вели Крис Хенсгенс. За среќа, тој живееше сам во еден контејнер и остана таму во карантин 14 дена. „Тоа беше платено од наша страна, а трошоците требаше да ги надомести државата. Но, тие пари до денес не сме ги добиле “.

Што би се случило доколку сезонски работник сериозно се разболи? „Тогаш тој ќе беше префрлен во болница, бидејќи извадивме приватно здравствено осигурување за сите наши луѓе“, вели Арне Хенсгенс. Но, тоа е исклучок, земјоделските сезонски работници кои не работат во Германија повеќе од 70 дена во годината се ослободени од задолжително осигурување. За време на овој период, ниту работникот ниту работодавачот не треба да плаќаат инаку задолжителни придонеси за здравствено, пензиско и работничко осигурување.

Во 2020 година, тој период бил продолжен на дури 115 дена, така што сезонските работници морале поретко да се „менуваат“. Земјоделците би сакале да биде така и оваа година, но Министерството за труд во Берлин одбива. „Социјалното осигурување мора да се плати за какво било продолжување на роковите, дури и привремените“, потврди Министерството запрашано од ДВ.

Одлуката на Министерството е поддржана и од Синдикатот на работниците вработени во секторот градежништво, земјоделство и заштита на животната средина. Тие бараат сезонските земјоделски работници да бидат вработени од првиот ден и да мораат да се плаќаат придонеси за социјално осигурување.

Синдикатот тврди дека особено работниците од Источна Европа се соочуваат со „неподносливи услови“, дека тие често мораат да работат до 13 часа на ден и да добиваат „лоши плати“.

На фармата за аспарагус на семејството Хенсгенс, работниот ден трае помеѓу осум и девет часа, а тие се плаќаат според (законски пропишан) минимум 9,50 евра на час, плус бонус што зависи од количината на аспарагус или јагоди што ќе ги соберат. Работникот плаќа 200 евра за повратен билет дома, и уште девет евра на ден за сместување. „Во зависност од перформансите, нашите луѓе можат да заработат до 2.500 евра месечно“, вели Арне Хенсгенс., пишува Дојче веле

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close