fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ловот на диви свињи продолжен, ловците гневни: Сите свињи носат малечки!

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски  на социјалните мрежи информираше дека ловот само за диви свињи е продолжен до 31 март, иако ловната сезона заврши на 31 јануари.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски  на социјалните мрежи информираше дека ловот само за диви свињи е продолжен до 31 март, иако ловната сезона заврши на 31 јануари.

„Оваа одлука е согласно мерките преземени од страна на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а со цел спречување и ширење на африканска чума кај свињите која е присутна во две одгледувалишта во нашата држава“, стои во објавата на Николовски.

Оваа одлука наиде на низа негативни реакции од ловците низ Македонија и според нив, овој потег го нарекоа катастрофален.

„Над 90 отсто од свињите носат малечки. Што ќе ловиме наредната сезона? Подобро е да се пушти лов таму каде што африканската чума е застапена, а не на цела територија. Покрај дивата свиња, ќе страда и друг дивеч“, реагираат тие.

Па така, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги задолжи концесионерите на ловиштата да се засили отстрелот на овој дивеч.

„Се додека не се прогласи стабилна епидемиолошка состојба со оваа болест, треба да се изврши засилен отстрел, независно од дозволениот број за отстрел определен со ловностопанските основи за секое ловиште. Во ловните денови, концесионерите ќе имаат обврска да вршат контрола на сите учесници во ловот дали ја почитуваат законската обврска за издавање на потврда за потекло на дивечот. Контролата ќе се врши во присуство на официјален ветеринар“, ни соопштија од АХВ.

На ловиштата на кои е забранет ловот, треба да се врши и пребарување за пронаоѓање на угинати диви свињи кои треба да се пријават кај официјален ветеринар на АХВ за земање на примероци за лабораториско испитување. Нивна обврска е и да подготват план и динамика  за начинот на пребарување на ловиштето и за спроведување на мерките на биосигурност при оваа активност, а планот треба да се достави до АХВ.https://fokus.mk/lovot-na-divi-svini-prodolzhen-lovtsite-gnevni-site-svini-nosat-malechki/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close