
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и топло – дневната температура до 33 степени
Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.
Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и топло. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.