fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Лозари од Тиквешко бараат да се решат проблемите со одредувањето за производствените цени

На седницата на потсекторската група било кажано дека е критично важно да се воспостават договорни односи помеѓу земјоделците и винариите и оти тие треба да бидат поставени на стабилна основа.

Подобри состојби во лозаропроизводството, бараат лозарите и најавуваат „жежок септември“  доколку не се излезе во пресрет на нивните барања и укажуавања, вели за МИА, Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозаропроизводители во Македонија, со седиште во Кавадарци.

Тој посочува не ја исклучуваат можноста од протести и блокади, во нивниот обид да го свртат вниманието на јавноста, врз проблемите во лозарството.

 

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пак, велат дека на седницата на потсекторската група било кажано дека е критично важно да се воспостават договорни односи помеѓу земјоделците и винариите и оти тие треба да бидат поставени на стабилна основа.

Данок од лозјата земаа временски непогоди и дефектЗлатевски истакнува дека години наназад производителите на грозје се соочуваат со проблеми и крајно време е, како што додаде, да се затворат со децении отворени прашања, како на пример, тоа, за одредување на производствени цени за килограм грозје и времето на објавување на тие цени според шеќерни единици.

 

-Откако паметам за себе, лозарството е традиција во нашето семејство. Одгледуваме триесет декари под лозов насад.

Точно е дека ретки се годините како оваа, кога побарувачката за грозје е поголема од понудата.

 

Низ годините, главно се случуваше да има вишоци на грозје, да нема кој да го откупи, родот да скапува по нивите или во колоните трактори пред откупните пунктови, шира да тече наоколу, а револтираните лозари да го фрлаат или да го газат со нозете, грозјето што за нив живот значи.

Не може човек да се радува кога има многу род, затоа што тогаш има и вишоци грозје, ниту пак кога има поголема побарувачка, затоа што тоа, како годинава, значи дека производството е намалено бидејќи својот данок си го земале различни непогоди, појасни Златевски.

 

Според информациите со кои располагаат, рече дека лани имало 93 милиони килограми грозје во државата, 76 милиони од индивидуални земјоделски стопанства и 17 од винарници, што располагаат со сопствени лозови плантажи.

– Годинава очекуваме околу 40 милиони. Родот е преполовен поради болести, како пепелница и пламењача, но и како последица на глобално затоплување и климатски промени, временски непогоди.

Свое влијание имаше и оштетувањето на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш“, но и одлуката на луѓето да ги напуштат лозјата поради економска неисплатливост.

Се намалува бројот на лозаропроизводители, особено на младите.

Дел од нив кренаа раце од лозовите насади и заминаа да работат по туѓи лозови плантажи во странство за повеќе пари, рече претседателот на Сојузот.

МЗШВ : Побарувачката на винско грозје изнесува околу 90 милиони килограмиОд Секторот за вино во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) добивме информација дека согласно одржаната седница на потсекторската група на ППГ-ГВ, годинешниов род на винско грозје се проценува од 65-70.

000. 000 килограми.

Оттаму додадоа дека поради развој на пепелница и пламеница на лозовите насади, родот и квалитетот на винското грозје е намален, додека побарувачката на винско грозје изнесува од 85-90. 000.

000 килограми. На седница на потсекторската група одржана на 7 јули 2023 година, се утврдени вкупните залихи на вино кои изнесуваат 45. 017.

064 литри вино, а оваа година залихата на вино за разлика од минатата година изнесува околу 20. 000. 000 литри помалку.

– На седницата на потсекторската група беше кажано дека е критично важно да се воспостават договорни односи помеѓу земјоделците и винариите.

Односите треба да бидат поставени на стабилна основа, бидејќи ниските откупни цени на грозјето, засега негативно влијаат на производството на грозје, особено во години каква што е оваа година.

Во такви периоди, заштитата е од изразито значење, а се забележува и драстично зголемување на цените на репроматеријалите потребни за гроздоделство, што влијае на зголемување на нивните трошоци.

Со тоа се нагласи и потребата од промена во начинот на исплата од страна на винарите, особено кога се плаќа за грозјето веднаш по откупот.

Се потенцираше дека треба да се избегнува практиката за намалувањата од 8 проценти во цената, ако се изврши исплатата веднаш по откупот, се вели во одговорот до МИА.

На прашањето, има ли преговори околу цени за килограм грозје, има ли пресметка за реално чинење и какви активности презема Министерството за да ги доближи лозарите и винарите овој гроздобер, добивме одговор дека „на последната седница на потсекторската ППГ-ГВ, која се одржа на 11 август 2023 година во МЗШВ, од страна на членовите на групата се одлучи да не се разговара за цената на чинење на винското грозје при откуп од страна на винарските визби, заради тоа што побарувачката за купување на винско грозје е поголема од понудата“.

Годинава специфична заради нискиот род, пазарот да ги регулира цените на грозјетоПри изработката на оваа тема, МИА се обрати со прашања и до одделни винарски визби во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата.

Заради лошите временски услови и обилните дождови во месеците мај и јуни, родот на лозјата оваа година ќе биде сериозно намален, за МИА потврдија од една од винарските визби.

– За колку, несериозно е да се нагаѓа. Сепак, само мал дел од лозарите правилно го заштитија лозјето и се очекува да имаат речиси полн род.

За дополнително намалениот род оваа сезона особено придонесе и недостапноста на вода во системите за наводнување во значаен временски период.

Нашите претходни проекции за откуп на количини за преработка во моментот се и неважни заради намалениот род, рекоа од винарницата.

Запрашани околу производствените цени, оттаму одговорија дека „производствените цени во моментот можеме да ги претпоставуваат бидејќи не располагаат со сите елементи кои влегуваат во калкулацијата“.

– Сега би биле паушално калкулирани проиводствени цени. Ние можеме да го процениме нашето произведено грозје, но неблагодарно е да коментираме за други лозја и лозаропроизводители.

Имено, во пресметките влегуваат многу фактори – склоп, старост, ангажирање на сопствена работна сила или наемни работници, дали се работи со сопствена механизација или се изнајмува, степенот на машинска обработка, степенот на употребени заштитни средства, површината на земја која се обработува, голема или незначително мала, всушност дали станува збор за професионален ангажман или хоби производство.

Ние сме извозно зависна земја, затоа, винариите не може да поднесат плаќање на цени за ниска продуктивност во лозарството.

Може да стане збор за цени на грозје кои ќе дадат можност производната цена на виното да биде близу до берзанските цени на вино, особено да се следи Шпанија, се вели во одговорот.

Вообичаено е, појаснуваат, пред секоја берба да се водат разговори каде се усогласуваат состојбите и интересите помеѓу винариите и лозарите.

– Оваа година е специфична заради нискиот род, најавата е дека ќе се остави пазарот да ги регулира цените на грозјето.

Мора да се напомене дека во оваа година и лозарите и винариите заслужуваат внимание од државата.

Оваа година е неопходна поддршка за двете страни, дури да кажеме заштита на дејноста која придонесува и за промоција на нашата земја на светските пазари, нагласија од винарницата.

Лично, не слушнале за најава за протести на лозари.  – Сите прашања кои произлегуваат од незадоволство не се решаваат со протести.

Покрај тоа, вистинските лозари немаат време за штрајкови и блокади сега пред и во време на берба. Време можат да имаат само декларативни лозари, одговорија од винаријата.  Северна Македонија на 13.

место по остварен девизен прилив од извоз на виноКако што информираше неодамна ресорниот министер Љупчо Николовски, државава e на 13. место по остварен девизен прилив од извоз на вино.

Николовски по посетата на  винаријата Камник рече дека квалитетот на македонското вино е зголемен, има многу нови брендови, а расте и извозот на вино во шишиња.

Најави и донесувањето на нова десетгодишна стратегија за, како што потенцира, уште поголем развој на винскиот сектор.

– Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони долари.

Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино.

За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година.

Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари.

И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина, рече министерот.

Во изминатите седум години, од 2016-та до 2022-ра, за лозарите и винариите се исплатени околу 90 милиони евра по разни основи, а само во една година две третини од овој износ се вратени назад во буџетската каса.

Се очекува, како што најави Николовски, да се изгласа и новиот закон за вино кој е целосно усогласен со директивите на ЕУ. Фото : МИА, МИА архиваСветлана Дарудова   .

Извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close